За Нас

Основната дејност на Нашата компанија се транспортните предизвици за Вашите пратки секогаш да бидат навремено, сигурно, квалитетно и брзо транспортирани на одредената локација со најсовремена технологија и најнови возила фургони и ладилници кои се специјализирани за транспорт на пратки за кои е потребен температурен режим, акцизна роба, адр и секаков останат вид на стоки со 24 часовно следење на возилата со GPS уреди. Посебно сме верзирани за превоз на збирни пратки на територијата на Европа во брз рок, со користење за збирен центар во Крањ, Словенија.

Покрај транспортните решенија кои ги нуди Цетранс ДOO, нудиме и комлетни шпедитерски решенија за Царински постапки при увоз и извоз. Нашата компанија со долгогодишно искуство специјализирана во полето на шпедиција Ви нуди копмлетна професионална поддршка во постапките на Царинското посредување и консултација за спроведување на увозно извозни Царински постапки.